Поврзете се со нас

Англија

Шестолигаш направи сензација во англискиот ФА куп и бурно го прослави пласманот во осминафиналето (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/maidstoneunited

Екипата на Мејдстоун Јунајтед е топ тема на англиската фудбалска сцена, поради денешната голема победа над Ипсвич во ФА купот.

Шестолигашот славеше на гостувањето кај Ипсвич со 2:1 и ја продолжи одличната серија во најстарото фудбалско натпреварување на островот, предизвикувајќи дополнителна еуфорија кај своите фанови.

Ипсвич игра во Чемпионшип и се наоѓа на второто место на табелата, што е најава дека посакува пласман во Премиер лигата, но денеска бил шокиран од нисколигашот кој го постигна решавачкиот гол уште во 66. минута од средбата.

Мејдстоун стана прв клуб кој не е дел од првите пет фудбалски рангови во Англија со пласман во петтото коло на ФА купот уште од сезоната 1977/78 и прв шестолигаш на кој му успеало такво нешто.

Шестолигашот допрва ќе го дознае својот ривал во осминафиналето, а откако досега елиминира екипи од Лига 2, Лига 1  и Чемпионшип, можеби на ред е и премиерлигашки „скалп“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни