Шесто место за македонските пинг понгари на Балканското првенство У-21

ping-pong

Македонските пинг понгари го освоија шестото место на 15-то сениорско У-21 Балканско Пинг-Понгарско првенство кое се одржа во Подгорица од 2. до 6. август. Нашата селекција ја претставуваа Теодор Кировски, Венко Стојанов и Методиј Бужаровски во машка и Ива Димитриевска, Бојана Михајловска и Ана Стојановска во женска конкуренција.

И машката и женската репрезентација успешно ја поминаа групната фаза, каде беа подобри од Бугарија односно Косово, но и двете селекции беа поразени во четвртфиналето од Романија и во машка и во женска конкуренција, со што изборија пласман на 6. позиција на ова првенство. Најуспешна репрезентација на Балканското Пинг-Понгарско првенство беше Турција, која ги освои сите медали.

Пред Балканското првенство, нашите репрезентативци беа дел и од Подгорица Опен, каде вкупно освоија 8 медали во јуниорска и кадетска конкуренција. Следна станица пак е ЕП за сениори и сениорки кое ќе се одржи во Луксембург во средината на септември.

Facebook Коментари