Промоции
Шесто издание на наградната игра на Макпетрол – „Верна – една и единствена“
Програмата за лојалност на компанијата Макпетрол, насловена како „Верна“, минативе години беше синоним и за наградна игра со ретко видена и богата палета на награди за потрошувачите.
Денеска е потврдено дека од 1 март до 10 декември ќе се спроведе шестата по ред наградна игра, овој пат насловена „Верна – една и единствена“.
– Во овој тежок период на пандемија сакаме да им бидеме поддршка на нашите верни купувачи и барем за момент да бидеме причина за нивна насмевка. Токму затоа и во овие отежнати услови наградната игра продолжува, како резултат на нашиот стремеж секогаш да ги ставаме потребите на нашите купувачи во центарот на нашата работа,- се вели во соопштението за медиумите од страна на Макпетрол, лиферувано по овој повод.
За компанијата оваа наградна игра претставува подобрување на комуникацијата со потрошувачите, додека основата лежи во обезбедувањето на најдобрите производи и услуги, како резултат од следењето на светските трендови.
Пропозициите за наградната игра остануваат непроменети односно потребно е да се направи трансакција за која се добиваат најмалку 10 поени на „Верна“ картичката.
– Со најмалку 10 поени впишани на Вашата Верна картичка, ќе бидете потенцијален добитник на лаптоп DELL, викенд за двајца во хотелите на Макпетрол, ваучер за гуми, ваучер за Лубекс моторни масла, ваучер за Кристал Кар средство за ветробрански стакла и Верна наградни поени. Ќе ги доделиме следните главни награди: скутер Honda, моторцикл Honda, гумен чамец комплет со приколка и мотор Honda и финалната мастер награда – современата Honda Jazz Hybrid,- соопштија од Макпетрол.
Наградната игра е валида и за старите, но и за новите потрошувачи кои сега ќе пристапат кон оваа програма за лојалност преку пополнување на пристапница на најблиската бензиска пумпа од оваа компанија. Веќе со првата трансакција која ќе им донесе 10 поени, тие ќе учествуваат во играта.
Секоја трансакција сама по себе има еднакви шанси за награда, со што се отвора патот за оние кои ќе имаат повеќе трансакции воедно да имаат и повеќе шанси за награда.
Стекнатите поени имаат вредност според принципот „еден поен вреди еден денар“ и потоа можат да се користат при купување на добра од продавниците на Макпетрол. Оттука, компанијата потсетува дека „колку повеќе полниш, толку повеќе добиваш“.
-
Светски првенства16 часа
Лекаи со тешки зборови за македонските фанови: Нашиот голман може да ви каже што му правеа
-
Шпанија17 часа
Анчелоти: Свирежите од „Бернабеу“ значат само едно нешто
-
Италија17 часа
Јувентус ќе дозволи трансфер на Камбијасо во Сити само под еден услов
-
Светски првенства18 часа
Лазаров наброја низа фактори кои очекува да бидат клучни на натпреварот со Холандија
-
Англија15 часа
Халанд стави потпис на „гига-договор“ со Сити, фановите на премиерлигашот воодушевени
-
Евролига14 часа
Хезоња ги шокираше фановите со изјавата на полувремето на дуелот Реал-Олимпијакос (Видео)
-
Свет14 часа
Нејмар откри детали од периодот во ПСЖ: Мбапе се промени по доаѓањето на Меси
-
Репрезентација7 часа
Ристовски и Ангеловски ја бодрат македонската репрезентација во Вараждин