Македонија
Шестиот интернационалниот ракометен камп на Кирил Лазаров се откажува поради ризичните околности

Кирил Лазаров во измнинатите пет години остави длабока трага во потрагата на нови ракометни таленти во нашата земја и регионот, но иако шестиот интернационален ракометен камп „Кирил Лазаров 7“ беше пополнет во рекордно време, за жал истиот нема да се одржи.
Секако, главна причина за тоа е проблематичната ситуација до коронавирусот кој негативно влијаеше во сите полиња во нашата земја, вклучувајќи го и спортскиот сектор кој дефинитивно ќе претрпи големи последици.
Соопштението ви го пренесуваме во целост:
Шестиот интернационален ракометен камп “Кирил Лазаров 7″ кој требаше да се одржи оваа година од 19 јуни до 1 јули се откажува. Причината е една и единствена, пандемијата предизвикана од вирусот ковид 19. КМГ Спорт агенција како организатор се надеваше дека состојбата ќе се смири до стартот на кампот, но како што знаеме сите подобрување нема. Капитенот Лазаров кој е идеен творец на кампот и во изминативе 5 години континуирано беше со децата изјави :
Императив секогаш е здравјето на децата. Почитувајќи ги препораките на надлежните кои забрануваат групирање на повеќе од 2 лица, одржувањето на кампот е невозможно. Секојдневно ја следевме ситуацијата и очекувавме смирување на истата, бевме подготвени и за поместување на датумот за месец јули… Но, за жал бројките го покажуваат спротивното, ризикот во оваа ситуација е недозволив. Знам што значи присуството за децата на кампот, со какво нетрпение го чекаат и секоја година му се радуваат. Ги поздравувам и се надевам дека следната 2021 ќе може повторно да бидеме сите заедно во името на ракометот.”
Оваа година беа пријавени над 400 деца од 14 земји на возраст од 7 до 18 години. Досега на кампот учествуваа преку 1500 деца, а лани го одбележавме петгодишниот јубилеј. На сите деца им посакуваме убав летен распуст и се гледаме следната година во Охрид.
-
Англијапред 18 часа
Јунајтед знае што ќе прави со Гринвуд до крајот на сезоната
-
Балканпред 19 часа
Тренерот на Партизан пријави за исчезнат познат првотимец, клубот режираше голем циркус во Србија
-
Светпред 17 часа
Шокантно видео од Белгија: Поранешен играч на Лацио полетал во воздух со автомобил и пробил ѕид од спортска сала!
-
Шпанијапред 20 часа
Куман: Лапорта ме излажа дека Меси ќе потпише нов договор со Барселона
-
Шпанијапред 20 часа
Барселона ќе одмори од „Камп Ноу“: Каталонците ја известија Ла Лига дека наредната сезона ќе играат на друг стадион
-
Англијапред 17 часа
Руни откри дека има свој фаворит во шампионската трка меѓу Арсенал и Сити
-
Балканпред 16 часа
Мијатовиќ за својот сакан соиграч: Повеќе спиев со него, отколку со мојата сопруга
-
Светпред 16 часа
Ракометен раритет: Бразилски голман режираше пенал-магија со својата одбрана (Видео)