Поврзете се со нас

Репрезентација

Шест позитивни тестови на КОВИД-19 во македонската репрезентација

Објавено

на

Пред македонската ракометна селекција се натпреварите против Финска и Швајцарија во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2022 година, средби на кои националниот тим дефинитивно нема да може да смета на сите посакувани сили.

Имено согласно протоколот од ЕХФ и протоколот за спроведување на ракометните натпревари, РФМ (Ракоемтната федерација на Македонија) пред собирот спроведе тестирање на целиот тим, ракометари и стручен штаб, а резултатите покажаа дека шест лица се заразени со коронавирусот.

Федерацијата ги откри нивните имиња и тоа се: Александар Царчев (тренер на голмани), Никола Матлиески (помошник тренер), Радослав Стојановиќ (помошник тренер) и играчите Марио Танкоски, Мартин Велковски и Мартин Поповски.

Контактите се изолирани и ракометарите и стручниот штаб кои се позитивни немаале контакт со останатите тестирани членови на репрезентацијата кои се негативни на повеќе последователни спроведени тестирања.

Само да посетиме, дуелот со Финска го играме на 4 ноември, додека со Швајцарија се соочуваме на 7 ноември.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни