Шест македонски спортисти на младинската олимпијада

mok delegacija buenos aires 2018

Анамарија Георгиевска ќе го носи знамето на Македонија под кое заедно со уште пет спортисти ќе настапат на „Младинските Олимписки Игри“ во Буенос Аирес од 6 до 18 октомври.

Заедно со оваа наша претставничка во теквондо, за Аргентина ќе патуваат уште Фахик Весели (карате), Хамза Јашари (џудо), Берат Мустафа (атлетика), Драган Велинов (борење) и Миа Крстевска (пливање). Од нив, во соопштението на МОК е потенцирано дека само Весели и Јашари имаат остварено норми.

Интересно е што во отсуство на ТВ пренос, натпреварувањето ќе биде пренесувана преку интернет, а во Македонија тоа ќе биде преку страната на МОК.

Facebook Коментари