Поврзете се со нас

Германија

Шешко официјално стави потпис и објасни зошто ги одби Арсенал и Челси (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/RBLeipzig

Бењамин Шешко брзо се претвори во голема мета на најважните клубови во Премиер лигата, но по само една сезона мината во РБ Лајпциг, Словенецот смета дека не е вистинско време за менување на средината.

Талентираниот 21-годишен напаѓач се најде на радарот на Арсенал и Челси и беше предвидено двата лути ривали да водат жестока битка за потписот на Словенецот, но денеска стана јасно дека до такво нешто нема да дојде, барем не ова лето.

Шешко реши да го продолжи договорот со германскиот клуб до 2029-та година, меѓутоа информациите велат дека во потпишаната зделка е вклучена клаузула според која наредната година би можел да си замине за достапна цена.

Нешто слично беше употребено за Ерлинг Халанд во периодот кога го продолжуваше договорот со Борусија Дортмунд, па дефинитивноо нема да биде големо изненадување ако Шешко наредната година заврши во Премиер лигата.

– Имав добра прва година во РБ Лајпциг и пресреќен сум што го одбрав овој проект. Тимот, клубот, граадот и фановите се најдобар пакет за мене во овој момент. Затоа решив ова рано продолжување на договорот да биде најлогично решение за мене и мојата кариера.

– Иако во вториот дел од сезоната не одиграв како во првиот, цела оваа фаза е многу добра за моето созревање. Чувствувам голема доверба од водечките луѓе и тоа е клучно за мене. Имаме одличен микс на искусни и млад фудбалери и со нетрпение ја чекам новата сезона во Бундеслигата, – порача Шешко, кој на овој начин останува соиграч на Елиф Елмас.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни