Поврзете се со нас

Европски првенства

Шешко долго ќе го памети промешениот зицер, Диого Коста ја одведе Португалија во четвртфинале

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/selecaoportugal

Португалија се мачеше против борбената Словенија, но успеа да обезбеди четвртфинале по подоброто изведување пенали.

Словенците можат да жалат за конечниот епилог, затоа што по борбената игра во 120 минути и одбранетиот пенал на Кристијано Роналдо, имаа и зицер за четвртфинале во финишот на дополнителните 30 минути.

По нереализираниот пенал на Роналдо во 105. минута, шансата на Шешко десет минути подоцна беше најдобра можност за некоја од репрезентациите да стигне до водство, но младиот словенечки напаѓач не успеа да го совлада Диого Коста, иако имаше идеална позиција.

Подоцна, токму Диого Коста го зацементира статусот на португалски херој и одбрани три пенали, фактички оставајќи ги Словенците без ниту еден реализиран удар во пенал серијата.

Роналдо вторпат не погреши, а погодија и Бруно и Бернардо Силва за 3:0 и закажан дуел со Франција во четвртфиналето.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни