Поврзете се со нас

Англија

Шервуд за првотимецот на Челси: Ќе морам да ги изедам моите зборови

Објавено

на

Челси не погреши и ја оправда улогата на фаворит во соочувањето со Брентфорд на кое оствари триумф од 2-1 кој го донесе на само два бода од лидерот Ливерпул.

„Сините“ не го решија навреме прашањето околу победникот, противникот се закануваше, па тука на сцена стапи доста критикуваниот Роберт Санчез кој имаше неколку добри интервенции.

Овој настап сигурно ќе придонесе за зголемување на самодовербата на Шпанецот, но и ќе испрати и порака до критичарите меѓу кои е и некогашниот англиски репрезентативец и екс тренер на Тотенхем и Астон Вила, Тим Шервуд кој го пофали голманот на Челси и порача дека ако вака продолжи ќе мора да ги изеде своите зборови.

-Санчез се истакна кога беше потребно. Бев критичен кон него и реков дека им треба подобар голман за да ја освојат Премиер лигата. Ама ако продолжи вака да настапува, ќе морам да ги изедам зборовите, -рече Шервуд.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни