Англија
Шервуд со критики за Тен Хаг: Не успеа да подобри ниту еден фудбалер на Јунајтед

Манчестер Јунајтед со децении немал три порази на првите пет натпревари во Премиер лигата, но менаџерот Ерик тен Хаг смета дека вчерашниот дуел со Брајтон бил само лош ден за неговиот тим.
Холандскиот стручњак почна да добива сериозни критики откако не успева да ги промени работите на „Олд Трафорд“, а во тој стил бил коментарот и на Тим Шервуд во студиото на „Скај Спортс“.
Поранешниот фудбалер и менаџер смета дека не гледа никаков напредок откако Тен Хаг е менаџер на Јунајтед.
– Не гледам дека направи барем еден фудбалер да биде подобар во редовите на Манчестер Јунајтед. Еве кажете еден таков фудбалер.
– Минатата сезона постигна солидни резултати, дојде во клубот во кој имаше мал хаос, мораше да се справи и со ситуацијата со Роналдо. Но, колку беше лошо и тоа, да го имаш еден од најдобрите фудбалери во светот во својот тим, требаше подобро да менаџира.
– Тен Хаг има многу талентирани фудбалери во својот тим, но ниту еден од нив не напредува, – вели Шервуд.
-
Балканпред 20 часа
Ден за историја: Регионалните гиганти Партизан и Хајдук објавија рекордни бројки
-
Шахпред 6 часа
Шахистите на „Алкалоид“ петти во светот, сребрен медал за Недев на втората табла
-
Шпанијапред 6 часа
Невидена сцена од топ 5 лигите: Разголена танчарка во ВИП ложата на натпревар на кој играше Барселона (Видео)
-
Шпанијапред 10 часа
Контроверзен момент и многу тензија во Памплона: Осасуна израмни против Атлетико, судијата ги разбесни домаќините (Видео)
-
Македонијапред 5 часа
Вардар обвини за опструкции: Пронајден е инвеститор кој сака да вложи 18 милиони евра, но…..
-
Шпанијапред 11 часа
„Синдромот Гати“ се префрли и во Шпанија: Играч на Алавес си даде автогол од 30 метри, противниците го тешеа (Видео)
-
Шпанијапред 24 часа
Тебас смета дека Барселона заслужува да и бидат одземени бодови ако е виновна во случајот „Негреира“
-
Италијапред 11 часа
Мурињо по најлошиот старт во неговата тренерска кариера: Ни недостасува играчот кој лани направи многу грешки