Поврзете се со нас

Свет

Шелви се прослави во Турција со гол од 60 метри (Видео)

Објавено

на

После долги години минати во Премиер лигата, Џонџо Шелфи ја напушти Англија и направи прв интернационален трансфер, а по се изгледа, мораше да замине во Турција за да го постигне најубавиот гол во кариерата.

Искусниот играч за врска сега е член на Ризеспор, а денеска се најде во центарот на вниманието со неверојатниот гол кој го постигна во стилот на Дејвид Бекам.

Поранешниот фудбалер на Ливерпул и Њукасл забележа дека голманот на Истанбулспор не е на својата позиција, па успеа да го лобува од 60 метри испраќајќи неверојатен удар.

Овој гол беше постигнат во 5-та минута и сите на теренот беа шокирани од ремек-делото, но иако имаше уште многу за игра, тој беше и последен на оваа средба.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни