Шекил О’Нил откри против кој кошаркар му било најтешко за играње

Sekil

Еден од најдобрите центри што некогаш заиграл во НБА и кошаркар кој настапувал во редовите на Орландо Меџик, ЛА Лејкерс, Мајами, Кливленд,Феникс и Бостон, Шекил О’Нил во интервју за ЕСПН, изјави дека кога во целата НБА кариера, единствено имал стравопочит за играта на Патрик Јуинг, Дејвид Робинсон, Хаким Олајџувон и особено од Рик Смитс.

– Рик Смитс беше детето кое беше најнезгодно за игра под кош, неговите движења, скок, лажно додавање, не можам да ви опишам колку беше незгоден. Да немаше проблеми со стапалото, кој знае и дали ќе ја освоевме титулата во 2000 година со Лејкерс, – изјави О’Нил.

LOS ANGELES - JUNE 9: Rick Smits #45 of the Indiana Pacers attempts a shot against Shaquille O'Neal #34 of the Los Angeles Lakers during Game Two of the 2000 NBA Finals played June 9, 2000 at the Staples Center in Los Angeles, California. NOTE TO USER: User expressly acknowledges that, by downloading and or using this photograph, User is consenting to the terms and conditions of the Getty Images License agreement. Mandatory Copyright Notice: Copyright 2000 NBAE (Photo by Andrew D. Bernstein/NBAE via Getty Images)

После финалето во 2000 година, Рик Смитс се повлече од Индијана Пејсерс и од активното играње кошарка.

Тој откри  и една интересна анегдота за тоа како успеал да го потроши првиот заработен милион.

-Немав време за чекање. Отидов во банка ја платив хипотека на куќата на моите родител во која живеев и јас и им подарив автомобил што секогаш го посакуваа – големиот мерцедес, – заврши О’Нил.

Facebook Коментари