Поврзете се со нас

НБА

Шекил е јасен: Поништете ја оваа НБА сезона

Објавено

на

Шекил О’Нил им порача на челниците на НБА лигата да ја прекинат сезоната, која принудно е стопирана во финишот на регуларниот дел поради коронавирусот.

– Сите нека си одат дома, нека останат здрави и нека се вратат следната година.

– Да се обидеме да се вратиме сега и да го забрзаме плеј-офот? Кој и да победи на таков начин, ќе има една „ѕвездичка“ при одбележувањето на трофејот. Што ако некоја екипа која не е меѓу фаворитите се снајде најдобро во скратениот плеј-оф и ја освои титулата? Никој нема да го респектира тој трофеј.

– Затоа поништете ја сезоната, грижете за здравјето на играчите и навивачите и вратете се следната сезона, – вели Шек кој освојуваше НБА титули со Л.А Лејкерс и Мајами Хит.

– Ги разбирам играчите, но кој и да стане шампион, ќе постои „ѕвездичка“ со објаснување како е освоен тој трофеј. Се што треба за хаос е еден човек, по натпревар сепак треба да одиш дома. Што ако само еден играч е заразен, тогаш почнуваме од нула, – дополнува О’Нил.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни