Поврзете се со нас

Франција

Шека со „проектил“ го матираше Навас, Лил го освои Супер Купот на Франција (ВИДЕО)

Објавено

на

Екипата на Лил го победи Пари Сен Жермен (1-0) и го освои Супер Купот на Франција кој стандардно е најава за новата сезона.

Актуелниот француски првак уште еднаш покажа дека може да биде незгоден и му „украде“ уште еден трофеј на ПСЖ, тим кој вечерва играше без голем број од ѕвездите и стандардни првотимци.

Клучниот момент на средната која се одигра во Тел Авив се случи во првото полувреме кога португалскиот интернационалец Шека со еден „проектил“ го матираше голманот Навас.

Инаку новата сезона во Франција почнува наредната седмица, Лил одбраната на титулата ќе ја започне против Мец, четата на Покетино пак ќе се соочи со Троа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни