Поврзете се со нас

НБА

Шек жестоко распали по лажгото Харден: И јас „плачев“ како него, но мојот татко ми постави добро прашање

Објавено

на

Кошаркарската „бомба“ во НБА лигата која ја детонираше Џејмс Харден со преселбата во редовите на Бруклин предизвика безброј реакции во Америка, а воглавно досегашната ѕвезда на „ракетите“ и лидер во изминатите години добива безброј негативни коментари.

Последен во низата се јави и легендариот Шекил О’Нил, кој во свој стил и без влакна на јазикот ја подбра „брадата“ и нагласи дека не го покажал тоа што треба кога тоа било најпотребно, а воедно го нарече и лажго за констатациите со кои вели дека дал се за градот Хјустон во изминатиот период.

– Кога Џејмс Харден вели дека дал се за франшизата и градот, тој лаже. Го побара Двајт Хауард, ти го донесоа, го побара Крис Пол, ти го донесоа. Побара шутери и ги доби. На крајот го побара и Вестбрук, твојот пријател од минатото и го доби. Ништо не функционираше. Затоа кога вели дека дал се за градот, тој лаже. Јас велам дека не даде многу. За да го кажете тоа, треба да има трофеи и важни партии.

– Ќе одам и со статистика. На последните пет меча во плејофот, имаше 41 проценти од шутевите на својот тим, 24 проценти беа тројки, даде 32 асистенции, но загуби 27 топки. Ќе бидам искрен. Знаете, и јас знаев да бидам како него едно време. Доаѓав дома и се жалев дека никој од соиграчите не прави ништо, исто како и Џејмс Харден. Но, затоа, мојот татко за кого се молам да почива во мир, ме прашуваше што сум направил јас? Ништо, исто како и Харден.

– Кога најмногу требаше да се докаже, кога требаше да направи чекор повеќе, тој не го направи во Хјустон. Кога си човек кој добива 34 милиони долари, мора да имаш таква одговорност. Кога требаше да брилјира, тој не го правеше тоа. Сега отиде во супер тим, ако не успее, тој ќе биде големо разочарување, – нагласи Шек.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни