Поврзете се со нас

НБА

Шек за првата плата: Потрошив милион долари за еден час!

Објавено

на

Шекил О’Нил засекогаш ќе остане запаметен како еден од најдоминатните центри во историјата на НБА, играч кој пленеше со својата моќ, компетитивност, квалитет, па и затоа толку долго се задржа во најквалитеното друштво во кое освои четири титули со Лос Анџелес Лејкерс и Мајами Хит.

Инаку Шек својата кариерара ја започна во Орландо Меџик од кого беше избран како прв пик на драфтот во 1992 година. Секако со тој договор пристигнаа и многу пари, а Шек знаел да се опушти и многу да потроши и најдобар доказ за тоа е неговата приказна.

-Откако го потпишав договорот купив неколку луксузни автомобили, накит, купив мнгу работи. Потрошив толку многу што ми се јавија од банката и ми рекоа дека тоа ќе ме уништи ако вака продолжам. Потрошив еден милион долари од првата плата. Човекот од банка ме предупреди да не трошам толку и оти треба да внимавам на данокот, -откри О’Нил чие богарство денеска се проценува на 400 милиони долари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни