Олимписки игри
Шек со прогноза: САД нема да го освои златото на ОИ во Лос Анџелес
Соединетите Американски Држави се уште се движечка сила кога е во прашање машката кошарка, но разликата се намалува и тоа се забележува од турнир на турнир.
Американците имаат проблеми на Светските првенства, а веќе не доминираат ниту на ОИ и тоа се виде летово во Франција каде со доста мака дојдоа до златото и тоа во нивниот најдобар состав.
Наредните ОИ се во 2028 година во Лос Анџелес, а легендарниот Шекил О’Нил смета дека неговите сонародници нема да останат на врвот.
-Ги гледав натпреварите на Светското првенство во Манила и не бев изненаден што Германија ги победи САД. Кога играв бевме далеку пред Европа, но тоа се промени и вие не стигнавте. Сигурен сум дека селекцијата на САД нема да освои злато на ОИ во Лос Анџелес во 2028 година.
-Леброн Џејмс нема да игра повеќе, веројатно нема да игра ниту Кевин Дурент или Стеф Кари. Не гледам дека оние што доаѓаат ќе можат да ја продолжат доминацијата. Европските тимови се многу добри. Србија, Хрватска и Германија, сите можат да освојат злато на Олимписките игри во 2028 година, -порача Шек за „Билд“.
-
Англија19 часа
Карсли самиот се прецрта, Кин советува кој треба да биде идниот англиски селектор
-
Лига на нации20 часа
Милевски со најкраток говор во својата кариера: Вие не сте нормални! (Видео)
-
Лига на нации24 часа
Милевски со три промени во почетниот состав за пресметката со Ерменија
-
Лига на нации19 часа
Македонија му пресуди на ерменскиот селектор со победата во Ереван (Фото)
-
Лига на нации21 час
Два мајсторски погодоци во Ереван донесоа историски успех за македонската репрезентација (Видео)
-
Свет22 часа
Легенда на Ливерпул со брутални зборови за Погба: Мурињо беше во право, тој е како вирус
-
АТП23 часа
Ѓоковиќ загуби од Синер, па му се обрати на Федерер кој беше на трибините (Видео)
-
Лига на нации18 часа
Најдобар исход од вториот меч во нашата група: Македонија ќе игра во повисок ранг во Лигата на нации!