Поврзете се со нас

НБА

Шек со јасен заклучок: Дебелиот Дончиќ е подобар од најголем дел од бековите во НБА лигата

Објавено

на

Заминувањето на Лука Дончиќ од Далас предизвика вистински земјотрес во кошаркарска Америка, уште повеќе ако се знае дека Словенецот беше трејдуван во Лос Анџелес Лејкерс.

Далас му заби „нож во грб“ на својот најдобар играч и го испрати во Калифорнија без да му најави такво нешто, па во денови кога тој не криеше дека е непријатно изненаден од своите досегашни работодавци, се појавија и шпекулации дека Маверикси се ослободиле од него поради тоа што не е доволно професионален и поради очигледниот вишок на килограми.

ОВаа тема рано утрово ја „начна“ и легендарниот Шекил О’Нил во своето обраќање за „НБА ТНТ“, а притоа испорача една изјава која брзо стана вирална на социјалните мрежи.

– Не знам, мене не ми изгледа дека Лука е надвор од форма. Сакам поточно да знам што мислите околу тоа „надвор од форма“…. Се мисли на дебелината? Дали треба секој да има стомачни мускули? Дури и во такви услови, се согласувам со тоа што ми го кажа еден пријател. „Дебелиот Лука“ е подобар од 99,9 проценти од бековите во НБА лигата“.

– Лука беше во првиот тим на Ол-старот и кога беше во форма и кога не беше во форма. Да бидам искрен, и јас не внимавав на моето тело за време на летото. Влегував во форма со тек на сезоната. Си имав свои обврски за време на летото: семејството, децата, тоа беа мои методи и одлично ми одеше на тој начин, – потсетува Шек.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни