Поврзете се со нас

НБА

Шек со јасен став за најавениот рестарт на сезоната во НБА лигата: Ќе нема кој да прави гримаси

Објавено

на

Шекил О’Нил редовно ги коментира сите случувања во НБА лигата и е стандареден дел од програмата „ТНТ“ секоја ноќ кога има кошарка, но без оглед на тоа што со нетрпение чека враќање во реалноста и во нормала, легендарниот играч на Лејкерси смета дека оваа сезона треба да се прецрта.

НБА тимовите најавија враќање на тренинзите со цел да бидат подготвени за рестарт на сезоната која значително се закомплицира поради пандемијата со КОВИД-19, но додека се бараат најпозитивните и најдобрите сценарија за добивање на шампион на теренот, популарниот Шек смета дека тоа е бесмислено.

Според О’Нил, одговорните луѓе на НБА лигата треба да размислуваат за поништување на цела сезона и насочување кон наредната, бидејќи само така ќе се дозволи стабилизација на ситуацијата која е најдраматична токму во САД.

– Мислам дека треба да се поништи сезоната. Сите да одат дома, да бидат здрави и да се вратат наредната сезона. Едноставно поништете ја сезоната. Планот е да се обидат да ја вратат недовршената и да се скрати истата со директен плејоф. Било кој тим да ја освои титулата, нема да ја добие вообичаената почит. Никој нема да го почитува трофејот ако го освои тим кој никој не го сметаше за фаворит.

– Треба да се размислува за здравјето на фановите и луѓето, најдобро е да се вратиме следната година. Навивачите се суштински во нашиот спорт, тие го креваат адреналинот. Замислете како ќе биде играњето на гости, ќе нема кој да прави гримаси и да ги деконцентрира противниците, – додава О’Нил во интервјуто за „For The Win“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни