Поврзете се со нас

НБА

Шек со ироничен одговор на провокација: Ќе му дадам 12 поени за само три минути!

Објавено

на

Foto:instagram.com/shaq

По речиси десет извонредни години во Јута, Руди Гобер се пресели во Минесота ова лето и ќе почне нова авантура во НБА лигата, натперварување во кое до оваа сезона важеше за најдобар дефанзивен играч.

Французинот го доби тоа признание во три наврати и се етаблираше како кошаркар кој најдобро го брани својот обрач, но сепак тоа мислење не го имаат сите експерти, а особено не Шекил О’Нил.

Легендарниот Шек во повеќе наврати го критикуваше Гобер и дури испраќаше и омаловажувачки коментари на негова адреса, па сега одговори и на една провокација која се јави на социјалните мрежи.

На неповторливиот центар му беше порачано дека ќе постигне само 12 поени во дуелите со Гобер, по што Шек го даде следниот одговор во своето прво интервју:

– 12 поени против Гобер? Да, ама во првите 3 минути од натпреварот против него. Да ви кажам нешто искрено, против мојата религија е да кажам дека некој ќе ме сопре еден на еден, – вели Шек.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни