Поврзете се со нас

НБА

Шек се преправаше дека пее балкански хит, Дончиќ се прскаше од смеа (Видео)

Објавено

на

Шекил О’Нил е составен дел од сите најважни натпревари во НБА лигата, од една страна како голем фан на кошарката, но и поради обврските кои ги има како стручен коментатор за „ТНТ“.

Легендарниот центар изминативе неколку години изгради посебна врска со двете најголеми балкански ѕвезди во НБА лигата и често се обидува да возврати на нивен мајчин јазик, па сега стана вирален хит поради едно видео со Лука Дончиќ.

Словенецот е лидер на Далас и го води тимот кон големото НБА финале, но пред да дојде до предност од 3:0 во дуелот со Минесота, Лука бил дел од сцена која ги изнасмеа и фановите.

Харизматичниот Шек останал воодушевен од песната која се пуштала во салата за време на загревањето и се преправал дека го пее познатиот хрватски хит „Празан стан“, а додека го правеше тоа, Дончиќ не можеше да ја тргне насмевката од лицето.

Претходно оваа сезона, Шек режираше и неколку интересни сцени со Никола Јокиќ, па повеќе од јасно е дека има изградено супер однос со двете големи кошаркарски ѕвезди од Балканот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни