Шек се отвори за загубата на Коби: Не јадам, не спијам, ова ќе боли уште долго време

Коби Брајант го загуби својот живот во хеликоптерска несреќа која во неделата се случи во Калифорнија, информација која го шокираше светот и поради тоа деновиве сосема очекувано имаме реакции од сите страни.

Брајант дефинитивно бил човек кој имал оставено голем печат, влијание на многу страни, а тоа најдобро се гледа по тоа што го гледаме од неделата по трагичниот настан во кој животот го загуби неговата 13 годишна ќерка, но и уште седум лица. Еден од луѓето кој добро ја познаваше „црната мамба“ беше Шекил О’Нил, двајцата долго време играа заедно во Лејкерс, освојуваа титули, имаа и падови, но дефинитивно беа семејни пријатели.

Токму Шек за прв пат се огласи во јавноста по загубата на пријателот и призна дека многу тешко се справува особено затоа што пред неколку месеци ја загубија својата сестра.

-Не ми е добро, јас сум болен. Само што ја преболев смртта на мојата сестра (почина од рак). Вие момци пред некој ден ми кажавте дека изгледам како да ми е потребен одмор. Не спиев по смртта на Аиша затоа што не размислувам само за добрите моменти, туку за оние ситуации во кои можев нешто да направам или да кажам нешто или нешто поразлично да направев или да ја сакав повеќе, покажев поголема поддршка. И истата работа ме погоди кога ја дознав оваа вест, -истакна Шек и додаде:

-Не јадам, не спијам. Ги гледам сите касети, болен сум во моментов. И знам дека некој идиот ќе ја спомене врската која јас и Коби ја имавме. Нашиот однос беше братски. Сите сме браќа во овој подкаст Џон, постојано се расправаме. Но, во реалниот живот, кога ќе те видам тебе и твојата убава сопруга, се се сведува на почит, -истакна О’Нил.

-Ова ќе боли, долго, долго време. Сакам да ги видам сите да остарат како Бил Расел и Доктор Џеј за да можеме да имаме приказни. Ние сè уште сме најдобро дуо во историјата, тоа нема да се промени. Но, посакувам на 60 и 70 години, кога ќе бидеме стари да можеме да зборуваме дома или во ова шоу. Но, тој ќе биде запаметен, -заврши легендарниот центар на ЛА Лејкерс.

Facebook Коментари