Поврзете се со нас

Англија

Шек сака да купи акции во англиски премиерлигаш

Објавено

на

foto: twitter.com/SHAQ

Еден од најдоминатните центри во историјата на кошарката, Шекил О’Нил сака да купи акции во еден од најпознатите клубови од Лондон-Вест Хем.

Како што пренесуваат медиумите на острово, О’Нил се заинтересирал за купување акции откако кон крајот на минатата сезона гледал еден од натпреварите на „чеканите“ во Премиер лигата.

Ако се мине како што треба Шек би станал четвртата голема ѕвезда од САД што инвестирала во фудбалот, поточно на таа листа ги имаме Леброн Џејмс и НФЛ ѕвездите, Џеј Џеј Ват.

-Минатата сезона дојде на еден натпревар и се заљуби во фудбалот. Сега се работи за тоа дали само финансиски му се исплати, – вели извор на весникот „Сан“.

Шек е четикратен НБА шампион, човек кој веќе долго време е стручен коментатор за ТНТ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни