Шек побара помош за името на својата луксузна јахта, еден фан го уништи со провокативниот предлог (Фото)

sek-jahta

Шекил О’Нил е познат по својата емисија во која ги трола играчите во НБА лигата за одредени пропусти за време на натпреварите, но сега со една своја објава на социјалните мрежи им овозможи на фановите во Америка тие да имаат можност да му одржат лекција на легендарниот кошаркар.

Всушност, неповторливиот Шек објави фотографија на својот Фејсбук профил со која побара помош за една негова лична работа, или поточно, побара од фановите да покажат иновативност и да предложат име за неговата луксузна јахта. О’Нил доби безброј одговори и предлози од страна на неговит следбеници, но сепак еден фан предизвика најмногу реакции и собра најмногу лајкови со провокативниот предлог за име на јахтата.

– Наречија ја „Слободно фрлање“, така никогаш нема да потонеш со неа…., – му порача Енди Јанг јасно алудирајќи на неговиот најголем проблем во кариерата, изведувањето на слободни фрлања.

sek-jahta1

Facebook Коментари