Поврзете се со нас

НБА

Шек го подбра Гобер: Ако е толку добар, нека го задржи Јокиќ под 15 поени

Објавено

на

Шекил О’Нил не е голем фан на Руди Гобер, центарот кој е еден од најплатените играчи во НБА лигата, а според легендарниот кошаркар воопшто не импресионира со своите бројки.

При гостувањето во еден подкаст, Шек зборувал за Французинот и појаснил дека неговиот учинок е далеку од она што треба да го прави на теренот кога ќе се има предвид платата која ја добива.

– Никогаш не сум мислел дека е добар одбранбен играч.

– Во лигата не ни има многу центри против кои треба да игра одбрана. Што не покаже колку е добар против Јокиќ?

– Нормално е со 228 сантиметри да изблокира некој кој положува, но за мене добра одбрана е ако го чуваш Јокиќ и ако го неутрализираш.

– Сакаш да ме импресионираш? Задржи го Јокиќ под 15 поени. Блокадите се кул, но тоа нема да помине против играчи како мене и Јокиќ, – рекол О’Нил.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни