Поврзете се со нас

НБА

Шек го посочи најголемиот на сите времиња, а ја избра и идеалната петорка

Објавено

на

foto: twitter.com/SHAQ

Шекил О’Нил е еден од асовите кој остави голема трага во НБА лигата и воедно во светската кошарка, ас кој ќе биде запаметен како можеби и најдоминатниот центар на сите времиња.

Шек низ кариерата освои четири НБА прстени, три пати беше МВП на финалните серии, ја освои и наградата за најкорисен играч во лигата, а во петнаесет наврати беше и присутен на Ол-стар натпреварите…поточно ова се само дел од успесите кои ги имаше низ блескавата кариера.

Легендата на Лејкерс, Орландо и Хит секогаш е искрен и сака да зборува на кошарски теми, па така О’Нил го издвои најголемиот на сите времиња кој за него е Мајкл Џордан.

-Ќе кажам Мајкл Џордан. Но треба да ги погледнете различните ери. Кога бев дете, Доктор Џеј [Џулиус Ервинг] и Карим Абдул-Џабар беа репер. Кога бев на колеџ, Меџик Џонсон и Лери Бирд беа најдобри.

-Кога стигнав во НБА, Мајкл Џордан доминираше. Потоа дојдоа Коби Брајант и Леброн Џејмс. Но, за мене, најдобар на сите времиња е Џордан, -истакна Шек кој ја избра идеалната петорка во која освен М-Џеј и себеси ги стави Коби Брајант, Карл Мелоун и Џулиус Ирвинг.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни