Поврзете се со нас

НБА

Шеј повторно броеше до 50, Јокиќ брилјираше во „Бол арената“ (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/okcthunder

Во моменти кога најактуелни се трејдовите кои се случуваат во најсилната кошаркарска лига во светот, ѕвездите мора да останат фокусирани и на тоа што се случува на теренот, па така рано утрово имаше голем број натпревари во НБА лигата.

Богата програма донесе низа возбудливи пресметки, но индивидуално гледано, повторно посебно се истакнаа играчите кои водат „мртва трка“ за МВП наградата.

Шеј Гилџес Александер испорача нова партија со барем 50 постигнати поени и покажа дека оваа сезона е решен да го предизвика Никола Јокиќ, кој исто така игра на неверојатно високо ниво од стартот на сезоната.

Гилџес Александер утрово одново импресионираше и постигна 50 поени во победата на Оклахома, тим кој го преслуша Феникс со 140:109.

Ова е трето издание со барем 50 поени за Шеј на последните седум натпревари во НБА лигата, што доволно говори во каква форма е бекот од Канада.

Неговото темпо дефинитивно успева да го следи само разиграниот Јокиќ, кој рано утрово повторно беше блиску до трипл-дабл на натпреварот со Њу Орлеанс.

Денвер победи со 144:119, а Јокиќ го заврши мечот со 38 поени, 8 скокови и 10 асистенции, но покрај Србинот, извонреден беше и Портер кој постигна 39 поени.

НБА резултати:

Атланта – Сан Антонио 125:126
Шарлот – Милвоки 102:112
Детроит – Кливленд 115:118
Бруклин – Вашингтон 102:119
Филаделфија – Мајами 101:108
Торонто – Мемфис 107:138
Минесота – Чикаго 127:108
Денвер – Њу Орлеанс 144:119
Јута – Голден Стејт 131:128
Оклахома – Финикс 140:109
Сакраменто – Орландо 111:130

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни