НБА
Шеј испорача рекордна партија за победа на Оклахома, Бостон се намачи против Клиперси (Видео)

Шеј Гилџус Александер е најголем ривал на Никола Јокиќ во МВП трката за најдобар играч во регуларниот дел од сезоната, а според американските медиуми, ѕвездата на Оклахома има и блага предност во поредокот во последните две-три недели.
Најдобриот играч на Тандерси и рано утрово покажа дека е зрел да се бори за најпрестижното индивидуално признание, бидејќи во мечот со Јута Џез запиша рекордни бројки зад своето име.
Шеј постигна 54 поени и тоа е рекорд во кариерата за извонредниот кошаркар на Оклахома, кој рано утрово придодаде и со 8 скокови, 5 асистенции, 2 украдени топки и 2 блокади.
Неговиот учинок беше клучен за победата на Тандерси од 123:114, натпревар на кој доби поддршка и од Вилијамс кој го заврши мечот со 25 поени.
Од останатите средби, исклучително возбудливо беше во „Интуид Доум“ во Калифорнија, каде Бостон се намачи против Лос Анџелес Клиперс и мораше да игра продолжение за да победи со 113:117 како гостин.
НБА резултати:
Атланта – Детроит 104:114
Бруклин – Феникс 84:108
Далас – Минесота 114:115
Хјустон – Кливленд 109-108
Мемфис – Шарлот 132:120
Оклахома – Јута 123:114
Сакраменто – Голден Стејт 123:117
ЛА Клиперс – Индијана 113:117
-
НБА4 часа
Лејкерс загуби во разочарувачката шутерска ноќ на Дончиќ, Мареј „експлодираше“ со личен рекорд (Видео)
-
Шпанија24 часа
Познат патот до големото финале: Реал и Барса се избегнаа во завршната ждрепка во Шпанија (Фото)
-
Лига на шампиони21 час
Фан од трибините ја сними еуфоричната реакција на Мбапе по голот за победа на Белингам (Видео)
-
Англија23 часа
Излетот во Дубаи заврши навистина лошо: Артета доби трет тежок удар во битката за титулата (Фото)
-
Англија20 часа
Далот: Јунајтед може да ја освои Премиер лигата под водство на Аморим
-
Англија6 часа
Последното дерби на „Гудисон“ заврши со хаос на теренот, црвен картон заработи и Арне Слот (Видео)
-
Англија19 часа
Карагер за провокативниот банер на „Итихад“: Реал се посрамоти, но Сити требаше да покаже класа
-
Лига на шампиони6 часа
Бесниот Консеисао одговори на само едно прашање и го напушти пресот (Видео)