НБА
Шеј го украде шоуто во МВП битката со Јокиќ, Оклахома му нанесе тежок пораз на Денвер (Видео)

Оклахома е убедливо најдобар тим на Западот во регуларниот дел од сезоната и тоа го покажа во повеќе наврати, а потврда за тоа добивме и вечерва во дерби пресметка со Денвер.
Дуелот на двата најдобри играчи во НБА лигата и главни претенденти за МВП титулата му припадна не Шеј Гилџус-Александер, кој одново беше лидер на својот тим во победата од 127:103.
Разиграниот Шеј важи за прв фаворит во МВП трката и покажа дека оваа година е подготвен да го победи Јокиќ, па така вечерва испорача нова извонредна партија со 40 постигнати поени. Покрај големиот број поени, Шеј придодаде во победата со 8 скокови и 5 асистенции, а голема поддршка доби од Џејлен Вилијамс кој уфрли 26 поени.
Никола Јокиќ беше во свој фазон и му недостасуваше само едно додавање за да забележи нов трипл-дабл, но за него и соиграчите мала утеха е билансот од 24 поени, 13 скокови и 9 асистенции.
Денвер го претрпе третиот пораз од Оклахома оваа сезона, и тоа трет убедлив во период од само неколку месеци.
SGA'S SPECTACULAR SEASON CONTINUES ✨
⛈️ 40 PTS, 8 REB, 5 AST, 3 BLK, W ⛈️
IT'S HIS 3RD STRAIGHT GAME WITH 40+ PTS AND HIS 40TH 30+ PT GAME OF THE YEAR. 🤯🤯 pic.twitter.com/zSy75mzHOq
— NBA (@NBA) March 9, 2025
-
Репрезентација24 часа
Миовски: Болно е да примите гол во последните десет секунди, но ова…
-
Светски првенства24 часа
Поранешен велшки репрезентативец за драмата во Скопје: Велс имаше јасен план, а ремито е како победа
-
Шпанија15 часа
Лопетеги не се кае: Повторно би ја прифатил понудата од Реал, совеста…
-
Светски првенства14 часа
Бразилците пропаднаа на „Монументал“, Аргентина обезбеди билет за СП (ВИДЕО)
-
Светски првенства12 часа
Велшаните критикуваа, Белами врати: Се надевам ќе му подигнат статуа!
-
АТП15 часа
Музети тргна моќно, па беше разбиен од Ѓоковиќ во Мајами (ВИДЕО)
-
Светски првенства13 часа
Белами: Очекував повеќе од Македонија, заслуживме да победиме!
-
Репрезентација23 часа
Елмас: Жал ми е, испуштивме три големи бода…