Поврзете се со нас

Шпанија

Шефот на ВАР системот во Шпанија даде објаснување за поништениот гол на Левандовски (Фото)

Објавено

на

Карлос Клос Гомез е раководител на ВАР системот во Шпанија и како поранешен елитен судија има навистина огромна одговорност, па поради тоа, денеска медиумите брзо го исконтактираа поради големиот сомнеж кој се отвори на вчерашниот натпревар во Сан Себастијан.

Реал Сосиедад победи со 1:0 во кој претставниците на Барселона се пожалија дека биле „ограбени“ од ВАР системот, бидејќи според нивни уверувања, луѓето во собата подвлекле погрешна линија во спорната ситуација меѓу Роберт Левандовски и Најеф Агерд.

Снимките од телевизискиот пренос им дадоа за право на каталонците навистина да се сомневаат во ваквата одлука, но Клос Гомез тврди дека истата е исправна и дека нема простор за дилеми поради технологијата која се користи благодарение на „полу-автоматскиот“ офсајд.

– Нема потреба детално да се објаснување, постои само нормално објаснување. Технологијата која ја користиме во Ла Лига стапи на сцена и беше оценето дека станува збор за офсајд ситуација. Технологијата е тука за да помогне и навистина помогна во дадениот случај.

– Понекогаш се критикува од незнаење, така е и сега. Во ВАР работиме со дополнителни 20 камери, добива информации од 20 камери и се разгледуваат 29 точки од положбата на телото кај секој фудбалер. Една од тие точки е стапалото на Левандовски, за кое испадна дека е во офсајд. Навикнати сме да прираме критики како судии и тоа никогаш нема да се промени, – вели Клос Гомез.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни