Формула 1
Шефот на Ред Бул повлече паралела меѓу Хамилтон и Ферстапен: Во Мерцедес успева и возач на Вилијамс

Шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер во своето последно интервју направи паралела меѓу пилотот на Мерцедес и актуелен шампион, Луис Хамилтон и пилотот кој вози за тимот на Хорнер, Макс Ферстапен.
Според зборовите на Хорнер, Ферстапен е многу подобар возач од седумкратниот Ф1 шампион, а ваквите негови размислувања му ги потврдила и трката во која местото на Хамилтон го зазеде Џорџ Расел кој за малку не ја освои трката.
– Ферстапен е најдобар, а настапот на Џорџ Расел во Мерцедес ми го потврди тоа. Макс и Луис дефинитивно се издвојуваат, и додека ние дефинитивно не треба да бидеме слепи на остварувањата на Луис Хамилтон, мора да бидеме јасни дека тој тоа го направи имајќи „целосен продукт“, а Макс мораше да вади повеќе од својот болид.
– Во Мерцедес, возач на Вилијамс може директно да се квалификува во првиот ред, а Расел за малку и ќе ја добиеше трката во која учевствуваше.
– Но, ако на Ред Бул му треба некој кој ќе го замени Ферстапен, пример ако Макс добие корона, никој нема да го постигне неговото ниво. Сите други имаат полоши перформанси во споредба со Макс, -изјави Хорнер.
Освојување и на шампионатот во 2021 година ќе значи дека Луис Хамилтон ќе се издвои на вечната листа на најдобри возачи на сите времиња, минувајќи го рекордот на Михаел Шумахер.

- Англијапред 17 часа
Лукаку долови кое е неговото вистинско мислење за Солскјер и напредокот на Јунајтед
- Лига на шампионипред 18 часа
Суарез примени нова валкана техника, Џо Кол издоминира: Има напредок, од гризење се префрли на….. (Видео)
- Лига на шампионипред 16 часа
Жиру: Му порачав на Мејсон Маунт дека тој ќе биде виновен доколку не го признаат голот (Видео)
- АТПпред 14 часа
Надал: Неверојатно е што правеше Медеведев против Ѓоковиќ, тоа е неприфатливо!
- НБАпред 16 часа
Вистински урнебес: Јокиќ и Шек имаа конверзација на српски јазик (Видео)
- Шпанијапред 13 часа
Тони Крос: Јас речиси никогаш не сум повреден, навистина не знам што прават соиграчите…..
- Светпред 15 часа
Фердинанд: Добивме доказ колку е лоша шпанската Ла Лига!
- Англијапред 13 часа
Тухел си ја призна грешката и го испофали својот херој: Тој тренира како да има 15 години помалку!