Поврзете се со нас

Свет

Шчесни тргна по стапките на Крос во одлуката за иднината: Чувствувам дека сега е вистинско време

Објавено

на

foto:twitter.com/juventusfc

Војчех Шчесни неодамна постигна договор со Јувентус за раскинување на долгогодишната соработка, за сега официјално да потврди кој ќе биде неговиот следен чекор во професионалната кариера.

Полскиот голман реши да го следи примерот на еден Тони Крос и се повлече од фудбалот на 34-годишна возраст, односно во период кога сигурно можеше да продолжи да настапува на високо ниво и во квалитетно натпреварување.

Но, слично како и Крос, во своето официјално соопштение, Шчесни истакна дека постигнал многу повеќе од она што го посакувал во кариерата и сега сака да му се посвети на своето семејство.

– На фудбалот му посветив 18 години од мојот живот, секој ден, без никаков исклучок.

– Денеска, иако сметам дека моето тело е подготвено за нови предизвици, моето срце веќе не е тука како претходно. Чувствувам дека сега е вистинско време да му посветам целосно внимание на семејството, мојата неверојатна сопруга Марина и прекрасните деца Лиам и Ноелија. Затоа решив да ја завршам професионалната кариера, – вели Шчесни во дел од своето соопштение.

Интересно, Шчесн во својата кариера настапуваше во само четири клуба, односно Арсенал, Брентфорд, Рома и Јувентус.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни