Поврзете се со нас

Италија

Шчесни со ироничен коментар: Милик заслужи црвен картон, нели за ист старт беа исклучени и Берарди и Малиновски

Објавено

на

Foto:twitter.com/juventusfcen

Јувентус вчера не успеа да го победи Емполи на домашен терен, а еден од главните проблеми на домашниот тим беше што речиси цел натпревар играше со фудбалер помалку.

Аркадиуш Милик доби црвен картон поради еден невнимателен старт, па иако поведе, Јувентус на крајот одигра само 1:1 и загуби два важни бода во обидот да го изненади Интер во трката за скудетото.

По натпреварот, голманот Војчех Шчесни го коментирал клучниот момент, потсетувајќи ги одговорните во италијанскиот фудбал за според него различниот аршин при доделувањето црвени картони.

– Со целосна почит кон противникот, нашата цел беше само победа на оваа средба, но не е лесно да играш со фудбалер помалку 75 минути и ремито не е толку лош резултат. Минатата година ја „губевме главата“ на вакви натпревари и во иста ситуација ќе бевме поразени.

– Милик се извини, за што немаше ни потреба, тој останува важен играч за нас и ќе очекуваме да се оддолжи со многу голови. Што се однесува до неговиот прекршок, беше чист црвен картон, исто како тие на Берарди и Малиновски. Сите три црвени картони беа коректно покажани, – иронично рекол Шчесни, алудирајќи на фактот што на дуелите со Сасуоло и Џенова споменатите фудбалери стартуваа на сличен начин над неговите соиграчи, но добија само жолти картони.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни