Поврзете се со нас

Италија

Шчесни си заминува од Јувентус, следна дестинација Саудиска Арабија

Објавено

на

foto:x.com/FabrizioRomano

Искусниот полски голман, Војчех Шчесни е на добар да го напушти италијанскиот прволигаш Јувентус за кого настапува од 2017 година.

Шчесни веќе има 34 години и во Торино веќе договорија помлад голман во името на Микеле Ди Грегорио, поточно ова знак за Полјакот дека нема повеќе да биде во прв план и најдобро сценарио за сите е да си побара нов клуб.

Тој нов клуб како што стојат работите ќе биде од Саудиска Арабија и тоа е Ал Наср што значи дека ако нема изненадувања Војчех да биде соиграч со Кристијано Роналдо.

Се преговараат последните детали од двегодишениот договор и сега очекува наскорот да се затвори операцијата во која Јувентус пак ќе заработи околу 5 милиони евра.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни