Италија
Шчесни: Се надевам нема да ни одземат 10 бода и оваа сезона

Јувентус ја продолжи позитивната серија на резултати и во Фиренца каде ја совлада Фиорентина со 1-0 со голот на младиот Мирети во првото полувреме.
Клубот од Торино на овој начин го задржа чекорот со водечкиот Интер, поточно остана на минус два по 11. кола во Серија А што секако е позитивен знак, сигнал дека оваа екипа може да се бори за Скудетото.
Во Јувентус не сакаат да размислуваат толку далеку, па голманот Војчех Шчесни ја спомена и казната од минатата сезона, односно се надева дека нема одново да им бида одземени бодови.
-Повеќе од среќен сум со трите бода, но рано е да се гледа пласманот. Добро ни оди и постигнуваме позитивни резултати дури и на гости. Добивме тешки натпревари во Милано и Фиренца, па затоа сме многу задоволни од она што го правиме. Се надевам дека нема да ни бидат одземени 10 бода оваа сезона и дека секогаш ќе бидеме чекор понапред од останатите. Сега сме во многу подобра позиција од лани.
-Навистина не знам колку бодови имаме бидејќи треба да размислуваме натпревар по натпревар и да се концентрираме на претстојниот против Калјари. Имаме многу добар дух и млад состав во кој никој не се доживува како подобар од останатите. Имаме многу простор за развој, а од клучно значење е другарството на тимот. Имавме тешки моменти, но задоволни сме бидејќи никогаш не е лесно да се победи во Фиренца, -порача Полјакот.
-
Англијапред 14 часа
Ширер: Јунајтед има голем проблем во соблекувалната, четворица играчи се откажаа од борба
-
Светпред 13 часа
Родригез ги одбил Сити и ПСЖ: Флорентино ми постави едно прашање пред да потпишам за Реал
-
Англијапред 12 часа
Матиќ ги обелодени двете ѕвезди на Јунајтед кои редовно доцнеле на тренинзите: Останатите бевме бесни
-
Англијапред 13 часа
Артета му одговори на Пеп со иста мера и ги насмеа новинарите (Видео)
-
Англијапред 15 часа
ФА покрена истрага против Сити за завршницата од дербито, шампионот мора да даде одговор до четврток
-
Светпред 24 часа
Издвои три имиња: Белингем „знае“ кој ќе ја освои наградата „Златно момче“ за 2024 година
-
Италијапред 14 часа
Италијанските фудбалери го избраа играчот на годината и најдобриот тим во Серија А (Фото)
-
Англијапред 8 часа
Менаџерска промена: Искусен стручњак се врати во Премиер лигата (Фото)