Поврзете се со нас

Шпанија

Шчесни морал да го преобрази својот син: Навиваше за Реал, но сега….. (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/FCBarcelona

Војчех Шчесни стана прв голман на Барселона од стартот на годината и тимот на Ханси Флик не знае за пораз откако тој застана меѓу стативите, ситуација која направи Полјакот да биде гаранција и за своите дефанзивци со кои има се подобра комуникација.

Полскиот ветеран ја прекина пензијата за да потпише за Барселона и засега оваа епизода е навистина посебна за него, но истото важи и за неговиот син кој морал да ги менува афинитетите.

Пред да се преселат во Барселона, малиот Лијам бил фан на Реал Мадрид, но сега дошло време да оди на средба со пријателите целосно опрема од Барселона.

– Јас сум отворен и искрен на оваа тема. Пред да дојдеме тука, тој навиваше за Реал Мадрид. Собираше сликички и картички од фудбалери и беше најрадосен кога ќе му се паднеа Роналдо или Мбапе.

– Сега е многу посреќен кога ќе му се паднат Ламин Јамал, или златна картичка од Рафиња……

– Го запознав со сите соиграчи и веќе се сликаше со нив. Сега целосно е внесен во процесот, кога излегува од дома за да се види со другарчињата, тоа го прави во униформа на Барселона.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни