Свет
Шчесни: Меси ми испрати три пива…
Војчех Шчесни доби нова шанса и ја продолжува кариерата најмалку за уште една сезона или поточно до крајот на натпреварувачката 2024/2025 која ќе ја мине како член на Барселона.
Шчесни кратко време беше во пензија откако ја заврши приказната со Јувентус, ама му се отвори врата по повредата на Марк Андре Тер Штеген и сега е дел од шпанскиот великан.
Полјакот е искусен, знае што треба да се биде успешен, квалитетен на највисоко ниво, односно знае што се бара од еден голем клуб како Барселона, тим кој во минатото го имаше Лионел Меси, ас кој Војчех многу го цени и за „Мундо Депортиво“ се потсети на ситуацијата од пред неколку години кога од Аргентинецот добил три пива.
Се работи за ситуацијата од 2020 година кога Лео дојде до 644 погодок за Барса со што стана играч кој постигнал најмногу голови за еден клуб, па беше спроведена акција со помош на Будвајзер кој испрати пива до сите 160 голмани кои беа матирани од напаѓачот.
-Мислам дека Лео постигна само три [против мене]. Се сеќавам затоа што ми испрати само три пива! Веројатно има и други играчи кои постигнале повеќе голови против мене, но тој беше единствениот против кого всушност се плашев да играм. Затоа што беше толку добар, -вели новиот член на каталонците.
-
Македонија24 часа
„Комити“ со експлозивно соопштение: Седлоски не смее и нема да биде тренер на Вардар! (Фото)
-
Лига на шампиони21 час
Големиот талент на Звезда самоуверен: Ќе покажам дека сум подобар играч од Јамал
-
Англија15 часа
Сити во негативна серија каква што немал од 2018 година, тим на Гвардиола третпат прима четири гола
-
Англија22 часа
„Сан“: Јунајтед ангажирал скапо засилување и покрај негодувањето на Тен Хаг
-
Англија17 часа
Фановите на Манчестер Јунајтед го кажале својот став во анкетата за изградба на нов стадион
-
Лига на шампиони16 часа
Милан му нанесе уште еден незгоден пораз на Реал Мадрид (Видео)
-
АТП21 час
Тениска ѕвезда пристигна во Белград, па го откажа настапот по веста од таборот на Ѓоковиќ
-
Свет23 часа
Подолски: Го бирам Артета пред Инѕаги, но Интер поседува нешто што го нема Арсенал