Поврзете се со нас

Шпанија

Шчесни кажал „ДА“ на Барса: Ќе беше големо непочитување од моја страна ако…

Објавено

на

foto:twitter.com/juventusfc

Ханси Флик и упрвата на Барселона го издвоија Војчех Шчесни како единствен кандидат за пополнување на празното место кое го остави Марк Андре Тер Штеген, а после кратки и конструктивни преговори, зделката е речиси комплетирана.

Како што јавуваат сите угледни полски и каталонски медиуми, Шчесни со големо задоволство кажал „ДА“ на повикот од Барселона и прифатил да се врати од пензија, што значи дека ќе биде прв голман на каталонскиот гигант до крајот на оваа натпреварувачка сезона.

Претходно во краткото интервју за „Мундо Депортиво“, доскорешниот голман на Јувентус му испрати само убави зборови на Марк Андре Тер Штеген, а сега за каталонски „Спорт“ потврди дека прифатил да му се приклучи на тимот кој го води Ханси Флик.

Последните информации велат дека Шчесни уште вечерва, или најдоцна утре ќе пристигне во Барселона на медицински прегледи, по што и официјално ќе стави параф на договорот со лидерот во Ла Лига.

– Многу ја почитувам историјата на Барселона, станува збор за еден од најголемите клубови во светот. Ја сфаќам тешката ситуација во која западна Барса со тешката повреда на Тер Штеген и сметам дека ќе беше големо непочитување од моја страна да не ја разгледам опцијата која ми се понуди, – изјавил 34-годишниот Шчесни за „Спорт“, потврдувајќи дека веќе е на пат кон Барселона.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни