Италија
Шчесни ја посочи главната разлика меѓу италијанскиот и шпанскиот фудбал: Едноставно нема споредби

Војчех Шчесни пред шест месеци реши да објави фудбалска пензија откако не му беше продолжен договорот од Јувентус, но неговата судбина му донесе навистина неочекувана авантура во кариерата, и тоа пред се поради тешката повреда на Марк Андре Тер Штеген.
Барселона го повика искусниот полски голман и го реактивираше за да го замени Тер Штеген, па не само што го направи тоа, популарниот „Тек“ во последно време е и стартен чувар на мрежата.
Шчесни на изминатите неколку натпревари можеше одблиску да гледа колку е поразлично да се игра фудбал во Италија и во Шпанија, па говорејќи за угледната „Газета“, се обиде да ја издвои најголемата разлика.
– На тактичко ниво, Италија е малку понапред од Шпанија, но на технички ниво, Шпанија е многу далеку пред Италија. Едноставно нема никаква споредба.
– Тука во Шпанија има многу повеќе голови, не се заснова се на организацијата на тимот. Ми беше чудно на старт, но јас сум тој кој треба да се адаптира на новите услови. Поради високата поставена дефанзивна линија, во Шпанија многу потешко оди и комуникацијата со дефанзивците, но сепак е многу убаво да се игра фудбал со толку многу голови, – вели Шчесни.
-
НБА14 часа
Најавите се остварија: Богдановиќ ја замени Атланта со Лос Анџелес
-
Шпанија22 часа
Марсело со емотивно видео објави крај на кариерата: Мадридизмот не се опишува со зборови
-
Свет24 часа
Урнебесен старт на авантурата во Сантош: Нејмар влезе во игра и веднаш доби удар на најболно место (Видео)
-
Евролига23 часа
Обрадовиќ во елемент: Немој да те удрам со таблава по глава….. (Видео)
-
Англија12 часа
Ливерпул го уништи Тотенхем и ќе се бори за трофејот во Лига Купот (ВИДЕО)
-
Италија13 часа
Шампионот настрада на „Артемио Франки“: Фиорентина го потопи Интер во продолжениот меч во Серија А (ВИДЕО)
-
Англија22 часа
Јоро откри каква Ватсап подготовка добиваат дефанзивците од Аморим пред секој натпревар на Јунајтед
-
Шпанија21 час
Капитен на шпански прволигаш оди на принудна пауза поради тешка болест: Ми се врати ракот (Видео)