Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Шчесни и Балде имаа жесток судир на 30 метри од голот, Павлидис ја погоди празната мрежа (Видео)

Објавено

на

Бенфика на најдобар можен начин го стартуваше натпреварот со Барселона и поведе по само 2 минути игра, но иако каталонците имаа подготвено одговор и израмнија преку Левандовски, првиот дел мина во знакот на Павлидис.

Покрај тоа што го постигна погодокот во првите 120 секунди, напаѓачот на Бенфика погоди уште двапати во мрежата на Шчесни, а посебно необичен беше голот за 2:1.

Комплетната одбрана на Барселона беше извадена од игра со долгиот пас на Отаменди, по што во најдобра намера да ја расчистат опасноста, двајца играчи на гостите се удрија еден во друг.

Шчесни и Балде имаа жесток судир и му овозможија на Павлидис да постигне еден од најлесните голови во кариерата, но доста брзо постигна и трет од белата точка.

Ветеранот Шчесни имаше нова лоша реакција и направи пенал со невнимателн старт над Артукоглу, па иако имаше минимален контакт, тоа беше доволно за најстрога казна.

Голот погледнете го ТУКА

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни