Поврзете се со нас

Шпанија

Шчесни го откри „тајниот агент“ на Барселона откако стави потпис на договорот: Првиот повик го добив од него

Објавено

на

Foto:x.com/FCBarcelona

После неколкудневни преговори и дилеми околу тоа дали треба да се враќа од пензија, Војчех Шчесни ја прифати понудата од Барселона а реши да направи кам-бек на терените, епизода која денеска финишираше со параф и позирање со Жоан Лапорта.

Искусниот полски чувар на мрежата вчера ги одработи медицинските прегледи и веќе ги гледаше во живо своите нови соиграчи на натпреварот против Јанг Бојс, а од утре веќе ќе стои на располагање и ќе биде дел од тренинзите.

Според најавите, планот со Шчесни е да се врати во форма и наредните три недели да ги искористи како мини подготовка, па се очекува да биде во комбинација за деби на 20-ти октомври на натпреварот против Севилја.

Договорот е потпишан до крајот на сезоната, а доскорешниот голман на Јувентус доаѓа како директна замена за тешко повредениот Марк Андре Тер Штеген.

– Роберт Левандовски беше првиот кој ми се јави, тој беше првиот кој праша дали постои опција да се вратам од пензија. Во прв момент не бев подготвен за нови предизвици, но откако зборував со моето семејство и пријателите, ми рекоа дека ќе биде грешка ако не ја прифатам оваа понуда. Затоа, Роберт одигра клучна улога во оваа операција, тој беше првата личност која имаше идеја да ме разубедува.

– Покрај тоа, отсекогаш сум бил фан на Барселона, сам видов дека фановите се многу страствени и тимот кој го има Барселона во моментов е навистина интересен. Ова е возбудлив предизвик за мене, го прифаќам истиот со голем ентузијазам и полн со енергија. Подготвен сум да работам напорно и да ги прифатам сите предизвици кои ќе дојдат оваа сезона, – изјави Шчесни.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни