Поврзете се со нас

Италија

Шчесни експресно се врати од операција и порача: Никогаш нема да ставам маска (Видео)

Објавено

на

foto:twitter.com/juventusfcen

Војчех Шчесни брзо се врати на терените по оперативниот зафат кој му беше извршен во саботата, откако голманот на Јувентус заработил фрактура на дербито против Торино кое се одигра минатиот викенд.

Полскиот чувар на мрежата заработи удар во финишот на мечот и потоа лекарите утврдиле дека се работи за најкомплицирарното сценарио, но тоа не го обесхрабри Шчесни кој многу брзо се врати на теренот.

Популарниот „Тек“ требаше да паузира неколку недели, но Алегри денеска изјави дека голманот му се ставил на располагање и дека може да го видиме меѓу стативите веќе утре против Калјари.

Доказ за тоа е и доброто расположение на Шчесни на денешниот тренинг, на кој порачал дека тој не ни планира да носи заштитна маска како тоа што го прават сите играчи при скршеница на нос.

– Сакавте да го видите „Тек“ со заштитна маска? Никогаш…. никогаш нема да ставам маска. Маската е за Зоро, – порача Полјакот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни