Поврзете се со нас

НБА

Шарлот го привлече Хејворд со 120 милиони долари, ВанВлит испиша историја со новиот договор

Објавено

на

Екипите во НБА лигата почнаа да влечат потези со цел што подобро да влезат во новата сезона која започнува за еден месец, па така меѓу најновите информации кои доаѓаат од САД се поврзани со „солени“ договори за Гордон Хејворд и Фред ВанВлит.

Хејворд ја заврши приказната со Бостон Селтикс и ја прифати понудата од Шарлот Хорнетс вредна 120 милиони долари. Тој се одлучи да му каже „ДА“ на тимот во кој сопственик е легендарниот Мајкл Џордан.

Гордон се согласи на четиригодишен договор и ако биде се како што треба, остане здрав ќе биде новата главна ѕвезда на Шарлот, тим кој пак од друга страна ќе се ослободи од ветеранот Николас Батум.

Ванвлит пак пред одредено време порача дека добро ќе го наплати својот потпис во овој преоден рок, а тоа дефинитивно ќе се случи затоа што тој одлучи да ја прифати понудата на Торонто Репторс вредна 85 милиони долари, поточно договор со важност за четири години со кој ќе остане во тимот со кого стана шампион во 2019 година.

Со ова плејмејкерот испиша нова историја во НБА лигата, сега го има најголемиот, наскапиот договор како играч кој не бил избран на драфтот, односно го надмина Весли Метјуз кој во 2015 година доби 70 милиони долари од Далас Маверикс за четири години.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни