Шарапова заедно со Ф1 ѕвезда имаше чест да го испроба новото Порше (Видео)

Sarapova

Марија Шарапова, поранешната кралица на тенисот, која жареше и палеше пред да и се случи допинг скандалот, по неколку порази и елиминации на почетокот на турнирите, призна дека и недостасува самодоверба. Таа сега се наоѓа на 41. место на ВТА но сепак не се предава.

Пред загревањето и почетокот на турнирот во Штутгард, реши да си го испроба адреналинот и да се повози со новото Porsche 911 RT2 RS.

Сепак позади воланот застана поранешната Ф1 ѕвезда, Марк Вебер, но и како прав џентлмен и понуди на Шарапова да ја испроба ,,лутата машина”.

 

Facebook Коментари