Шарапова ја менува тактиката: Русинката ќе игра квалификации за Вимблдон

EPA/CLAUDIO ONORATIEPA/CLAUDIO ONORATI

Марија Шарапова нема да учествува на претстојниот грен-слем Ролан Гарос откако организаторите не и одобрија специјална покана поради допинг скандалот поради кој беше и суспендирана.

Русинката се врати на ВТА турнирите, но немаше ранкинг за директен пласман во Париз, а не доби ниту валјд карта која и беше уште една алтернатива да се најде на вториот грен-слем годинава. Поради ова, Шарапова најави дека ќе ја промени тактиката за Вимблдон и нема да бара покана од организаторот, туку ќе учествува во квалификациите.

Со својот ранкинг, Шарапова ќе има право да се најде во квалификациската рунда и треба да оствари три победи за да се најде на главниот турнир.

– Поради подобрувањето на мојот ранкинг по настапот на три турнири, ќе настапам во квалификациите за Вимблдон и нема да барам вајлд карта за главниот турнир, – објави Шарапова на својата официјална интернет страница.

Facebook Коментари