Поврзете се со нас

АТП

Шаповалов суреди уште еден Топ 10 тенисер и ја освои најголемата титула во кариерата (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:x.com/DALOpenTennis

Тенисерот од Канада, Денис Шаповалов дојде до најголемата титула во својата досегашна кариера и тоа на турнирот во Далас.

Канаѓанецот славеше на АТП настанот од серијата 500 откако во финалето беше подобар од Каспер Руд од Норвешка со 7-6(5) и 6-3. Ова за Шаповалов беше трета победа на турнирот над топ 10 тенисер, односно покрај Руд ги надигра домашните фаворити Тејлор Фриц и Томи Пол.

Остварениот резултат во Далас ќе му овозможи на Денис да напредува на ранкингот и ќе дојде до 32 позиција, место кое е негов најдобар пласман од сепетември 2023 година.

Претходните две титули ги освои во Стокхолм во 2019 и Белград 2024 година.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни