Поврзете се со нас

АТП

Шаповалов недостоен ривал, Алкараз со чиста победа до осминафинале на Ролан Гарос

Објавено

на

Најдобриот шпански тенисер, Карлос Алкараз обезбеди пласман во осминафиналето на Ролан Гарос и тоа откако вечерва го реши Денис Шаповалов полесно од очекувањата.

Првиот светски рекет покажа доминација, моќ и сигурност и со 3-0 обезбеди место во наредната фаза во која ќе ги одмери силите со Лоренцо Мусети.

Карлос екпресно го реши првиот сет со 6-1, но во вториот имаше проблеми и противникот поведе со 4-1 и беше многу блиску до израмнување на 1-1. Меѓутоа Алкарез го врати ударот и со пет гејмови во низа комплетно ја сврти ситуацијата и со 6-4 дојде до 2-0 во сетови.

Шпанецот ја заврши работата со 6-3 во завршната рунда и со тоа само покажа зошто заедно со Ѓоковиќ се главни кандидати за пехарот во Париз.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни