Свет
Шампионската прослава на Ајакс донесе потврда за голем трансфер: Му посакуваме среќа во Баерн (Видео)

Баерн Минхен по се изгледа заврши два трансфери уште пред стартот на летниот преоден рок, двата од редовите на Ајакс кој вчера по 36-ти пат ја освои титулата во домашното првенство.
Ерик Тен Хаг се одјави од „Јохан Кројф арена“ со победа и трета освоена титула во Холандија како тренер на Ајакс, но ова беше последен меч на домашен терен и за уште неколку играчи.
Мазрауи самиот најави дека има постигнато договор со Баерн Минхен, а за време на шампионската прослава, Кенет Тејлор откри дека на пат кон Минхен е и Рајан Гравенберх.
– Тој си заминува од тука. Му посакуваме многу среќа во Баерн, – гласи пораката на Тејлор од соблекувалната на Ајакс.
Изминатите неколку дена, се појави вест дека Ајакс побарал подобра понуда од првичната на Баерн за услугите на Гравенберх, но прогнозите се дека двата клуба многу брзо ќе стигнат до посакуваниот договор за талентираниот играч за врска.
-
АТПпред 23 часа
Противпожарен аларм го прекина налетот на Ѓоковиќ, но не можеше да спречи 1000. победа во кариерата! (Видео)
-
Шпанијапред 23 часа
Чави со искрена изјава за можното заминување на Де Јонг: За мене тој е многу важен, но….
-
Англијапред 8 часа
Клоп: Јас сум виновен за промашениот пенал на Мане (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 4 часа
Таткото на Меси: Се надевам Лео ќе се врати во Барселона
-
Италијапред 23 часа
Мурињо имаше што да види: Рома шутна 46 пати, но не победи против „фенерџијата“ (Видео)
-
Германијапред 6 часа
Мајсторија која ќе се врти: Соиграч на Чурлинов постигна гол од половина терен (ВИДЕО)
-
Италијапред 12 часа
Новиот агент на Погба оди во Торино на финални преговори со Јувентус
-
Англијапред 22 часа
Салах испрати одговор со еден збор откако беше запрашан дали ќе игра против Реал во финалето во Париз (Фото)