Поврзете се со нас

Свет

Шампионската прослава ќе се претвореше во трагедија: Играчите на Белграно за малку ќе се забиеја во мост (Видео)

Објавено

на

Белграно ја освои титулата во Втората аргентинска фудбалска лига и обезбеди промоција во Прва лгиа, што значи враќање во елитата за познатиот клуб од Кордоба.

Сосема очекувано, влезот во највисок ранг донела голема радост на улиците во Кордоба и прославата била збогатена со шампионска парада, која за малку ќе донесела и една голема трагедија.

Аргентинските медиуми пренесоа едно застрашувачко видео од прославата на Белграно, која вистинска среќа е што не заврши со смрт за неколку играчи од првиот тим.

Автобусот со отворен кров мина под низок мост со доволна голема брзина за да дојде до трагедија, а вистинска среќа е што дел од играчите ја воочија опасноста и во последен момент избегнаа забивање во бетонот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни