Поврзете се со нас

Италија

Шампионот во полн сјај: Интер ја уништи Болоња на „Џузепе Меаца“ (ВИДЕО)

Објавено

на

Фудбалерите на Интер ја уништија Болоња со 6-1 на вечерашниот меч од 4. коло во италијанскиот шампионат.

„Нероаѕурите“ одиграа во шампионски стил и до врз ја наполнија мрежата на екипата која ја предводи Синиша Михајловиќ. Избраниците на Симоне Инѕаги во двете полувремиња дадоа по три погодоци, во првиот дел задолжени за голови беа Мартинез, Шкриниар и Барела, додека во второто тоа го направија Весино и Џеко (2).

Точка на гол шоуто на „Џузепе Меаца“ стави Тиате во 86 минута за конечни 6-1.

Интер со 10 бода е на врвот на табелата во Калчото.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни